Добредојтовте во Центар Дамбо

Успешната бизнис приказна првенствено на продавниците Тренд, а подоцна и за Центар Дамбо, започна да се креира уште во 2000год во Охрид, од каде и денес континуирано продолжува да работи и функционира, низ 4 ентитети.

Низ изминатите децении, успеавме да изградиме силна позиција на пазарот, која веруваме се должи на искрените и семејни вредности кои ги негуваме и аплицираме врз оперативното работење, како и на отворената посветеност на нашиот тим вработени. Па така, потрошувачите продолжуваат да ја препознаваат посветеноста при изборот на практичен и широк асортиман, и соодветно на тоа нашите иновативни пристапи при креирање на ценовните нивоа, и обидите да ги задржиме истите за широка достапност.

Имено, продавниците Тренд фокусот го поставуваат на подобрување при уредувањето и функционирањето на секој сегмент од домот. Низ декоративните елементи кои ги нудиме, преку кујнските алатки и производите за послужување и сервирање, па се до детали за бања и понуда на различни сезонски елементи. Особено сме горди и на широката и квалитетна понуда на куќен текстил.

Истовремено, Центар Дамбо постои повеќе од деценија задржувајќи ја примарната цел – да ги помогне родителските обврски, а притоа да го израдува секое дете. Производите кои во Центар Дамбо изобилуваат се соодветни на секоја фаза од детскиот развој – почнувајќи од бебешката опрема и неопходните бебешки помагала, играчките соодветни за најмала возраст, но и едукативните игри значајни за развивање на детските способности.

Низ нашата понуда, веруваме дека ќе го направите најдобриот избор за секоја пригода чија главна цел е да ги направи среќни најмалите. Дополнително, различните сезонски производи уште повеќе ја зголемуваат понудата со асортиман карактеристичен за тој период од годината.

Благодарни сме на Вас – нашите потрошувачи, затоа што низ Вашата поддршка секоја престојна идеја и амбиција за усовршување на нашите концепти изгледа реално. Сметајте на нас како компанија од доверба, и дозволете да постанеме Вашиот прв избор за категориите на производи кои ги поседуваме.

15К

Различни Производи

20

Години Постоење

1.5К

Активни Купувачи Месечно

Main Menu